Празно срце!

Одлична, силно емотивна фотографија која ни ја претставува приказната за младата вљубена девојка.

Заминал без збогум, ја оставил да чека… И оставил мирис на зимски ветар во косата.. Празниците се на прагот, а таа пак се сеќава на тоа дека родена е во погрешна приказна..

NDST

Реалност

Луѓе сме – грешиме, но нели треба да научиме од грешките и да не ги повторуваме.Имаме мани, но кој ги нема.Таа сакаше најсилно до сега што можеше да се сака, а беше повредена како и сите.Во еден момент цел свет и беше убав и беше среќна што постои, а во друг момент тој свет се руши и гледаш како сите соништа,сите убави моменти и надежи паѓаат , а таа само стои и неможе да направи ништо за да биде подобро. Како после тој свет ќе изгради нов со друга личност..се плаши пак да не настрада, а страда секој пак кога ќе се сети на оној прв свет во кој ја влеала сета надеж, оној свет во кој имало љубов, права љубов.Ќе поминат години и години и секогаш ќе се сеќава на онаа прва љубов, ќе почувствува дека не згаснала, тлее и не умира. На секое потсетување на таа љубов ќе и се кине срцето, ќе посака да го вратиш времето назад, да ги поправи грешките, да ја врати среќата која некогаш ја чувствувала и ја имала.

.1003224_610517842342831_637544509_n

Но, веќе е доцна и мора да живее со тие грешки и да разбере дека ништо неможеш да врати! И останува само остатокот од животот, кој е еден и и е даден да го исполни со среќа. Ќе најде личност која ќе и значи, но не доволно и ќе сфати дека испуштила од раце нешто што одговара за нејзините постапки во животот, па макар и да се погрешни. Минуваат денови, а таа се чувствува како да сака да заборави на се..на сите случувања околу него. Доста од нас научиле прерано за страдањата, а среќата сеуште ја бараат. Неосетно времето поминува, но кога-тогаш ќе дојде крај на драмата, крај на чинот.Сите мигови ќе поминат, а дали ќе ги заборави или ќе се сеќава на нив останува на неа. На местото каде и останало прашина од минатото, не ги обвинува другите. Кога-тогаш кругот се врти, неосетно, но се врти

Се е јасно!

“.. Знаеш внимавај, може да се изгориш, но не ми е тоа намерата. А и не сум таква, често велам „било-поминало“, па можеби и затоа сум страдала. Но ако, не ми е грижа. Ти и онака доволно се упропасти себе си, јасно ти е, така? Јас барем знам дека сум сакала, онака наивно и искрено, со целото срце и душа. И сега покрај сите страдања твоите очи сеуште го имаат оној сјај, сјајот кој не згаснува. Тоа е разликата помеѓу нас. Разликата која не раздвои, разликата на која, впрочем ти и дозволи да го направи тоа.”

 313216_10151033376834876_1623604274_n

:)

И како со сите сили секој нареден момент кој ме потсетуваше на тебе како да се обидував да го вратам времето и да барав начин да исправам нешто, но не. Немаше ништо веќе. Зар можеш да исправиш нешто кое не е твое да го исправиш. Моето срце не било родено за некој да му верува дека љуби, дека може да биде нечие. А всушност до болка само твое!

И секоја вечер нови солзи извираат. Месечината секоја вечер менува нова форма и секоја вечер ме потсетува колку брзо спомените бледеат. Колку полека полека твојот допир што остана на мојата кожа се рони. И секоја вечер ми носи по едно ветување. Си ветувам дека ќе почнам од почеток. Ќе бидам некоја сосема друга. Ќе ја скратам косата и ќе станам бунтовна и груба. Ќе носам горко црвен кармин и црн креон. Ќе го сменам парфемот и ќе живеам во некоја сосема нова приказна. Ќе бидам нова јас. Затоа што само така ќе можам да прогурам се. Затоа што судбината не не сака. Мене ми дала срце да те љубам, а тебе срце кое никогаш нема да го сфати тоа и цел живот ќе се вртиме во круг. Се` додека не заборавиме што беше тоа љубов. И мора да било љубов, но ќе речеме – сега е веќе готово… 

И животот така и ми одминуваше тој период. Знаеш, школо, шетање, по некое кафе, некој нов дечко, кино, едно друго и времето  леташе. Се на се веќе се поминуваше, дури и нашите патеки кои секогаш беа вкрстени, сега се разделија. А кога се оддалечуваш од некој најтешко е што не знаеш дали му недостасуваш или веќе те заборавил. Но јас знам. Ти мене можеби ме заборави, но нашата приказна никогаш.

Image

А што сега?!

Ах, сите тие празни ветувања… Понекогаш се прашувам “Чекај…стој! Зошто барам нешто без кое моментално преживувам?” Доста интересно прашање. И замисли не најдов одговор до скоро…да може некој да ми ја расцепи душава ке види половина од моето срце..Да, пробувам да научам како да живеам полу жива, без тебе.Но знам дека нема крај.Нема! Не постои. Го измислиле оние кои престанале да веруваат во себе. Но, мене ме има. Ме има и за двајцата…љубов каква што никогаш не се раѓа, љубов која ме повреди, љубов која ми ја однесе сета надеж, љубов која ме направи скептична, љубов која ме натера никогаш повеќе да не верувам во неа. И не ми е битно дали моето тело ќе заборави како е да почувствува машки допир, ниту како срцето ми потскокнува кога на телефон ќе се појави повик од дотичниот, ниту како усните ме болат од премногу бакнување по првиот состанок. Бев спремна дека можно е никогаш повеќе да не почувствува љубов, затоа што бев сигурна дека нема да легнам со првиот кој ќе ми изглуми идеален и фин и кој ќе ми биде уште едно разочарување и уште една бројка плус. Се тешев со тоа дека сум среќна што некогаш сум ја имала таа љубов. Сум ја чувствувала и сега ја чувам некаде длабоко во себе.

-Што ми згреши ти мене? Премногу се плашеше, а сакаше да уживаш.

-Што ти згрешив јас? Премногу те сакав и сто пати велев збогум.

Но нас ни требаше нов збор за збогум, овој едниов веќе ни стана клише, го изгуби своето значење. Премногу пати кажан, преболно доживеан, а премалку присутен во вистината.

Image 

Можеби затоа последниот пат, не рековме ни збогум ….

И се е чудно…

Колку е животот чуден, колку е суров, нели? Но тоа е само понекогаш, тогаш кога најмалку очекуваш. Всушност и ова мое пишување нема никаква смисла со моментов. Чудно е…како после толку време во мене има повторно инспирација за пишување. Поминаа 4 месеци откако ги изгубив сите соништа..откако те изгубив тебе, ти кој ми значеше живот. Но ти замина, а со тебе однесе се. И пробував, се трудев…се трудев да успеам и да си докажам себеси дека сум заборавила. Будала, кого сум залажувала. Ти си сеуште тука во мене,којзнае и до кога ќе останеш. Ми недостигаш. Секој ден, секоја ноќ…се повеќе и повеќе. Ми недостига секој твој допир, покрет, дури ми недостигаат и твоите љубоморни сцени и караници. Се, едноставно се! Неможам да кажам колку пати додека те гледав во очи, менував состојба и како ми застануваше здивот кога го слушав овој или оној одек на твојот глас. Знам само колку пати го изговарав твоето име и колку посакував некој друг да биде ЈАС, на моето место, колку само да знае како да се справи со сето ова. Чекањето и љубовта не се глумат, а неможат ни да се донесат. Тие се живеат. Мразам разделби, и никогаш не успеав да ги преболам збогувањата…

Како и да е, би можела да те погледнам и да ти кажам дека за среќа ми треба толку. И потоа ќе признаам дека во твоето срцебиење ја пронаоѓам сопствената мерка за среќа и дека не постојат други вистински мерни единици.