“Љубов која ме натера никогаш повеќе да не верувам во неа”

Се обвинував себеси, мислејќи дека не бев доволно добра и убава,  доволно интересна за да го задржам.. А никогаш не си го поставив прашањето колку тој беше лош. Но кога болно сакаш, секоја грешка во љубовта е твоја. Да му завртвев грб на време, како и тој што направи, сега веројатно ќе бев многу посреќна. Но победи, тој победи и нема назад! Понекогаш се прашувам “Чекај…стој! Зошто барам нешто без кое моментално преживувам?” Доста интересно прашање. И замислете не најдов одговор до скоро…да може некој да ми ја расцепи душава ќе види половина од моето срце..Да, пробувам да научам како да живеам полу жива, без тебе.Но знам дека нема крај.Нема! Не постои. Го измислиле оние кои престанале да веруваат во себе. Но, мене ме има. Ме има и за двајцата…љубов каква што никогаш не се раѓа, љубов која ме повреди, љубов која ми ја однесе сета надеж, љубов која ме направи скептична, љубов која ме натера никогаш повеќе да не верувам во неа.

И сега покрај сите страдања твоите очи сеуште го имаат оној сјај, сјајот кој не згаснува. Тоа е разликата помеѓу нас. Разликата која не раздвои, разликата на која, впрочем ти и дозволи да го направи тоа.

1489213_658651167529498_1366290583_n

“Гласот од длабочината на душата”

Таа живее во сенката на “осамена девојка” , глас толку тивок што не можеш да слушнеш ни збор…секогаш зборува, а никогаш не е слушната. Тоа можеш да го видиш ако го фатиш нејзиното око. Јас знам дека е храбра, но е заробена во себе, исплашена да зборува, а ни таа не знае зошто. Сакам тогаш да го знаев она што сега го знам..би сакала да можам некако да се вратам во времето и да си го послушам сопствениот совет. Би и кажала да проговори, би и кажала да се извика, да зборува малку посилно, да биде малку повеќе горда. Ќе и кажам дека е убава, прекрасна, ќе и кажам се што таа не може да види. “Ти мораш да проговориш, ти мораш да се извикаш и да знаеш дека баш овде, баш сега можеш да бидеш убава, прекрасна, се што сакаш да бидеш” !

Со твоите години, имаш многу време да дејствуваш, не можеш да напишеш книга само од една страница. Ако трчаш многу брзо и ризикуваш се, не смееш да се плашиш од паѓањето,  патот го бираш самата ти.

child-children-girl-little-child-little-girl-Favim.com-191977_large

“Божиќно утро”

Лани ова божиќно утро го чекав со нетрпение, бидејќи имав и што да чекам. Тоа утро среќата блескаше. Исто е и годинава…добро не баш исто, нешто недостига, ти недостигаш. Денеска сме на истото место, во истото време, без истите луѓе. Вчерашната иднина не беше ваква. Веројанто денеска требаше да сум со тие што ги сакам, со замислените планови што ги имав, со ведро небо над нас. Лани не го замислував денес ваков. Лани беше убаво, денес не е исто. Денес којзнае за кого е подобро. Којзнае кому ова попладне му го исполнил сонот. Знаеш, секој пат на овој ден ќе помислувам на тебе. Не знам, можеби е до празников…Но, начесто се чувствувам како да сум изгубила мобилен телефон. Оној, со сите опции. Со преполна меморија. Со слики, музика, видеа, пораки, повици, контакти… Да, не ми е до апаратот, туку до работите во него. Не ми е до човекот, туку до спомените со него. Чекорите беа се потешки, но во градите владееше она измешано чувство на олеснување и болка. Олеснување како камен да ми беше паднал од срцето затоа што ме натера себе си да верувам дека ја изгубив љубовта, а болка затоа што сфатив дека не можам да изгубам нешто што никогаш не сум го имала. Овој Божиќ ми донесе една маска која ќе ја носам цела година. Овој Божиќ ми донесе ледено срце и оган за да ме згрее.

e0cfe3da-6ed2-4327-9635-8b046e8183de

“Останаа само спомените”

Мислам….Мислам дека веќе кога е се завршено, се се навраќа само како спомен, знаеш? Тоа ти е како калеидоскоп од спомени. Се само се враќа. Но тој никогаш. Мислам дека дел од мене знаеше дека вториот пат кога го видов него, ќе се случеше истото. Навистина не беше ништо, дека нешто рекол или нешто направил…тоа беше само чувство кое дојде заедно со него.  И најлудата работа е што јас не знам дали некогаш ќе се почувствувам така повторно. И не знам дали треба. Знаев дека неговиот свет се подмести толку брзо и изгоре се со брза светлина. Но, си мислев, како ли може ѓаволот да ме влече кон некој кој толку многу личи на ангел кога ти се насмевнува?! Можеби тој го знаел тоа кога ме видел. Јас изгледа само ја изгубив рамнотежата. Мислам дека најлошиот дел не беше што го изгубив него, туку што се изгубив себеси!

Се сеќаваш на мојот, на твојот роденден?

Се сеќаваш на 14 Февруари?

Се сеќаваш на првото танго? Колку бевме среќни во тој момент..се се изразуваше на нашите лица..

Нормално, тука вклучувајќи ги и честите караници и расправии на кои се навикнав и за кои ако ти кажам дека навистина ми фалат,  нема да ми веруваш. Камо среќа да остане се само спомен од далечното минато, но не. Тие се тука, постојано вртат низ мојата глава.Но ти го одбра она што тебе ти одговара и јас сум среќна поради тоа. Ах, лажам…никогаш не се почувтвував среќна онака како се чувствував со тебе. Изгледа треба да се соочиме со вистината, а храброста на човек се огледува во неговата способност да ја поднесе вистината. Вистинава наша, остана одамна недовршена, со неа остана и недовршена приказна!

424-Photography-Love-Facebook-Cover-Photo_large

“Далеку од чувствата”

Се чувствував како губитник. Скршен, сронет, исчеден до последната капка. Скитник кој ја бара неговата љубов како топол дом, но залудно. Но конечно и тоа помина. Секоја вечер се обидував да не мислам. Се обидував да се насмеам. Се обидував да се потсетам дека не ми требаш, дека не те сакам, дека не ми значиш. Посакував да е така. Баш онака како што ми кажа еднаш. “Посакувам да не ми значиш, посакувам да ми е гајле за тебе…“. Се чувствував чудно. Како некоја тапа, тешка болка во градите. Како да ме гушеше. Ноќите кога плачев ми носеа сончеви утра, барем ми носеа утра кога ќе го слушнев твојот глас. Сега знаев дека нема да се јавиш. Нема да се јавиш и да се преправаш како ништо да не се случило. Нема да ме налутиш, а потоа да ме прегрнеш…затоа и срцето ме стегаше! Се чувствував преполно, а сепак празно. И некоја вештачка насмевка ми беше окончана како некој пластичен израз. Некоја заштитна маска.  Барем да ми ја оставеше онаа ноќ да ми беше последна. Барем да ми кажеше дека ти значам. Барем да ме погледнеше еднаш онака како што цел живот ќе паметам. Да ме погледнеше онака, како да сум твоја. Барем ќе можев да почнам одново.  Бар да можев да си го пронајдам срцето некаде во мене. Да можев да украдам уште еден бакнеж кој ми припаѓа на мене. Да знаев дека никогаш нема да те видам, ќе го украдев и оној мал момент со тебе. Да знаев дека никогаш нема да те видам, ќе те прегрнев и ќе го впиев мирисот на твојата мекост. Ах, колку го обожавав тој мирис. Ми припаѓаше на мене. На мојата приказна.

broken_hearted_girl_by_tolleyyy

“Љубов доволно силна”

Тие имаа токму таква. Врска во која љубовта беше доволно силна за да ги надмине проблемите и да ги избалансира карактерите. Тој знаеше како да направи таа да се чувствува единствена, таа знаеше како да му покаже дека е најдобриот за неа. Не беа алчни за благодарност кога ќе стореа добро дело еден за друг, тоа едноставно  беше дел од нивното заедничко функционирање. Од најпросто до најсложено секогаш успеваа да пронајдат заеднички јазик. Со нив двајцата се изгледаше лесно. За него не е преголем труд да и отвори врата, ниту да и направи појадок наутро, ниту да го толерира присуството на нејзината неподнослива пријателка. Беа заљубени, но и среќни, бидејќи многу врски потврдија дека е можно да си нереќен со човекот кој го сакаш. Љубовта не се мери, љубовта не е натпревар на силина на вашите карактеристики, не е кој подолго ќе издржи а да не се јави, ниту кој може полесно да преживее скршено срце. Без разлика кој колку симтоми на болка ќе покаже и ќе види околината, таа е тука, те копка те јаде однатре кога знаеш дека не си сторил се во името на љубовта. Потребна е борба, а не само да кренете раце и да се откажете. Ако инаетот ве уништи овој пат, ќе ве уништи и наредниот и наредниот…

deckona

“Среќа е да си заљубен!”

Среќа е што те имам тебе  фин, згоден, неопходен во мојот живот. Среќа е што те запознав. Среќа е што те имам во мојот живот и само за мене. Среќа е да се биде со тебе! Среќа си ми ти! Среќа е да се измиеш во чиста љубов, во приказна за нас. Среќа претставуваат сите мигови поминати заедно.

girly-f-413

Тоа што е, тука е…

„Знаеш ти се. Го познаваш светот, ги знаеш сите улици, сите светилки и мрачни ќошиња. Сите тие ги чуваат твоите слатки тајни како верни пријатели. Сами по себе тие не можат да прозборат, но оној кој тебе те познава може лесно да ги прочита. Со самото твое постоење ти насекаде оставаш траги, случајно или не. И тешко е човек да те заборави, признавам… Но ќе дадам се од себе, иако не сакам. Но не е онака како што мислиш. Можам да пишувам со денови, со часови, додека одам и додека спијам, во главата имам енциклопедии напишани под твоето име.. Сега е поразлично. Само погледни ме сега. Се знаеме. Иако тешко, ти добро ме научи. Знам дека и без да ти кажам, ти ќе ме прочиташ. Епа еве ти ги очиве, моите длабоко кафени очи, и почни. Отвори ја првата страна од твојата омилена приказна и, ако можеш почни да читаш! Не ги затварај очите пред мене, безнадежно се мачиш. Ти и онака знаеш се, срцето ти знае. Сакам само да те потсетам што направи. Само сакам да погледнеш низ моите очи, земи ги барем на секунда и почувствувај, бидејќи срцето не ти го давам. Не за друго, се плашам за тебе. Се плашам затоа што ти ги знам границите.. нема да издржиш ти. Во него се собрале сите емоции, а околу нив оганот направил круг па не ги пушта.. Знаеш внимавај, може да се изгориш, но не ми е тоа намерата. А и не сум таква, често велам „било-поминало“, па можеби и затоа сум страдала. Но ако, не ми е грижа. Ти и онака доволно се упропасти себе си, јасно ти е, така? Јас барем знам дека сум сакала, онака наивно и искрено, со целото срце и душа. И сега покрај сите страдања твоите очи сеуште го имаат оној сјај, сјајот кој не згаснува. Тоа е разликата помеѓу нас. Разликата која не раздвои, разликата на која, впрочем ти и дозволи да го направи тоа.

anewmornigblackwhitebeautyphotographywomantmk-a888de0c815813fcf4856fc8f3fe0b35_h

Тишина

Сакам да спијам со тебе.  Не мислам на секс. Мислам,  да спијам. Заедно. Под моето ќебе. Во мојот кревет. Со мојата рака на твоите гради и со твојата рака околу мене. Со напукнат прозорец, да ни биде ладно и да мораме да се држиме едно до друго. Без никаква приказна, да не опкружува само мечтателна, боженствено радосна тишина! Во таа тишина да се слушаат само чукањата  на нашите срца, исполнети, среќни.

girly-f-824

 

Question mark …

Сигурно сте чуле дека доброто со добро се враќа, а лошото со лошо, дека сè се враќа и сè се плаќа. Но, дали вреди да си ја расипете сегашноста, а воедно и иднината плашејќи се од моментот кога ќе треба да платите за направеното? Дали постои мерило за големината на некое добро или лошо дело? Дали сè без исклучок се враќа сразмерно со направеното дело? Дали постои карма? Секој си има право да верува во што сака и на свој начин да ги разбира и објаснува појавите околу себе.

girly-d-307

За некои и самата помисла дека сториле нешто лошо и исчекувањето на кармата е доволна казна. Но, не можам а да не помислам зошто би требало да си ја уништиме сегашноста плашејќи се од тоа што би можело да нè снајде? Не вреди да се саботираме самите себе прашувајќи се дали го заслужуваме она што го имаме и дали сè е праведно. На крајот на краиштата, ако толку ве плаши помислата дека лошото би ви се вратило, помислете на сè добро што сте направиле. Кога веќе верувате во лоша карма, верувајте дека постои и добра. Без разлика колку се интересирате за неа, моето лично мислење е дека не може сè да биде праведно. Животот напати не е фер и не постои тој совршен баланс каде е изедначено секое добро или лошо што сте го направиле со секое добро или лошо кое ќе ви се врати. Всушност, кои сме ние да процениме колку било добро делото кое сме го направиле? Како што вели татко ми: „Не секогаш доброто дело ќе ви се врати со добрина, но самото чувство дека некому сте помогнале е награда за вас.“